Холивудската глумица Кејт Винслет се повреди за време на снимањето на нејзиниот нов филм во Дубровник.
Неофицијално, таа ја повредила ногата додека снимале по што е пренесена во болница. Според локалните медиуми, Кејт пристигнала во болница во придружба на неколку луѓе, но не е потврдено за каква повреда станува збор.
Оскаровката во Хрватска снима филм посветен на Ли Милер, воен фотограф за магазинот „Вог“ за време на Втората светска војна.