Кели Кларксон го прекина интервјуто за да ја запознае Мерил Стрип

Пејачката Кели Кларксон го прекинала интервјуто што одело во живо на каналот Е! кога ја здогледала Мерил Стрип на црвениот килим пред доделувањето на наградите „Златен глобус“. Пејачката на сред интервју ја видела својата омилена актерка и ѝ се израдувала како тинејџерка. Таа со помош на водителот Рајан Сикрест се симнала од подиумот за интервјуа. Кели се поздравила со Мерил, која ја гушнала и бакнала. По ова Кели и Рајан го завршиле интервјуто.

Scroll to Top