Кели Озборн и Сид Вилсон ќе станат родители

Реалити ѕвездата Кели Озборн објави дека ќе стане мајка. Таа на социјалните мрежи објави селфи фотографија на која држи слика од ултразвук.

„Знам дека бев многу тивка овие неколку месеци, па мислев да споделам со сите вас. Над Месечината сум, ќе станам мама“, напиша таа.


Кели Озборн и нејзиниот дечко Сид Вилсон, член на групата Слипкнот се запознаа 1999 година, додека групата  беа на турнеја и настапија на музичкиот фестивал Озфест, формиран од страна на Ози и Шерон Озборн.

Кели Озборн минатата година драстично го промени својот изглед, откако престана да пие. Таа успеа да ослабе 40 килограми и комплетно да го смени нејзиниот изглед.

 

Таа во едно интервју изјави дека и самата понекогаш тешко и е да поверува дека лицето во огледало и на фотографиите е навистина таа. Таа признава дека операцијата на стеснување на желудникот, која и била направена пред две години, и помогнала да ослабе.

Scroll to Top