Кендал Џенер е најплатена манекенка во светот според најновата листа на магазинот „Форбс“. 23-годишната манекенка годинава заработи 22,5 милиони долари, 9,5 милиони повеќе од Карли Клос, која заработи 13 милиони долари оваа година.
Кендал минатава година беше дел од ревиите на најпрестижните модни брендови, меѓу кои „Барбери“, „Версаче“, „Фенди“, „Викторијас Сикрет“. Tаа е бренд-амбасадорка на модните куќи „Ести Лодер“, „Адидас“ и „Келвин Клајн“.
На трето место е Криси Тајген со заработка од 11,5 милиони долари, колку што има и Роси Ханингтон Вајтли, а на петто место е Кара Делавињ со заработка од 10 милиони долари.
Жизел Бундшен, која со години го заземаше првото место на листата најплатени манекенки во светот, сега е шеста со заработка од 10 милиони долари, сестрите Џиџи и Бела Хадид се на 7. и 8. место со 9,5 односно 8,5 милиони долари заработка, на деветто место е Џоан Смолс со 8,5 милиони, а на 10. место е Доцен Крос со 8 милиони долари.