Кери Бернанс тешко повредена по страшна сообраќајка на новогодишната ноќ

Актерката преживеа тешка несреќа на новогодишната ноќ.

Актерката Кери Бернанс е тешко повредена откако возач ја удрил со автомобил во близина на Медисон Сквер Гарден во Њујорк на новогодишната ноќ.

При оваа несреќа повредени се вкупно 9 лица, меѓу кои и тројца њујоршки полицајци, пренесува Дејли Мејл.

Актерката на Марвел, ѕвезда на „Црниот Пантер“ и „Одмаздници: Крај на играта“, одела по тротоарот со пријателка кога автомобил влетал во камионот со храна до кој стоела. Силата на ударот ја „соборил“.

Кери во несвест била пренесена во болница, а ја преживеала страшната несреќа.

Кери беше оперирана откако претрпе сериозни повреди, вклучувајќи скршени коски, фрактури и скршени заби, соопшти нејзиното семејство.

Полицијата била повикана на местото на настанот околу 1:40 часот по локално време, а возачот е уапсен и е задржан во болница.

Scroll to Top