Ќерката на кралот на рокенролот, Елвис Присли, Лиза Мери Присли, го наследи во 1993 година, откако наполни 25 години, сиот имот насвојот починат татко, кој тогаш имаше вредност – 100 милиони долари, пишуват странските медиуми.
Елвис Присли почина кога неговата ќерка имаше само девет години. Богатството на Елвис беше проценето насамо неколку милиони долари, но вкупната вредност на брендот „Елвис“, вклучувајќи го инеговиот познат имот „Грејсленд“, со текот на годините достигна вртоглава сума.
Лиза Мери сега тврди дека и останале само 14.000 долари и го обвини поранешниот менаџер Бери Сигел дека го уништил нејзиното големо богатство. Таа тврди дека Сигел несмотрено, немарно и лошо управувал со наследството на нејзиниот славен татко.
Таа, сепак, сè уште е сопственичка на „Грејсленд“, имотот на Елвис кој и ден-денес е голема туристичка атракција.