Ќерката на Барак Обама ќе режира филм со американскиот актер Доналд Гловер

Постарата ќерка на поранешниот американски претседател Барак Обама, Малија Ен, наскоро ќе го има своето режисерско деби во проект продуциран од американскиот актер Доналд Гловер.

Постарата ќерка на поранешниот американски претседател и прва дама Мишел, Малија Ен, одлучи својата кариера да ја гради во Холивуд, а веста за тоа неодамна ја сподели актерот Доналд Гловер, кога изјави дека Малија ќе работи на краток филм, објави магазинот „Пипл“.

„Првото нешто што го направивме беше да разговараме дека таа успеала да го направи тоа само еднаш. И реков дека е ќерка на Барак Обама и ако сними лош филм, ќе ја прогонува до крајот на животот“, рекол Главер.

Иако ова и е првпат да работи како режисерка, 24-годишната девојка работела со Главер на неговата серија „Реј“.

Главер изјавил дека е на висина на задачата и дека е одличен писател. Иако ќерката на Обама не побарала посебни услови за работа. Таа и нејзината помлада сестра Саша имаат прилично мирен живот и не се појавуваат често во јавноста, Малија одлучила да се занимава со кариера која бара медиумско внимание.

 

Scroll to Top