Ќерката на Берни Еклстоун ја откажа милионската венчавка

Помладата ќерка на Берни Еклстоун, Петра, ја откажа свадбата која требаше да се одржи за месец дена. Според пишувањата на светските таблоиди, Петра го послушала советот на нејзините родители кои ѝ кажале дека е премлада за да се мажи.

Петра и нејзиниот свршеник Сем Палмер за помалку од три недели требаа да се венчаат, но нејзините блиски ја советувале дека премногу брза и дека Сем го запознала пред само година дена.

Венчавката требало да се случи во Мексико во луксузното место Коста Палмаса и да трае неколку дена. Целата свадба било планирано да чини околу 17 милиони евра. Петра за венчавката наводно изнајмила цел ресор, за да на гостите им осигура поголема приватност.

Сега ќерката на поранешниот прв човек на Формула 1 ќе треба да плати и за откажувањето, но оваа сума засега не е позната. За Петра ова требаше да биде втор брак. Таа шест години беше мажена за контроверзниот бизнисмен Џејмс Стунт. Двајцата се разведоа во 2017 година, а имаат три деца. Ќерката Лавина и синовите Ендру и Џејмс.

 

 

Scroll to Top