На синоќешното доделување на музичките Греми награди, една од најголемите ѕвезди беше ќерката на Бијонсе и раперот Џеј-зи, деветгодишната Блу Иви.
Бијонсе синоќа влезе во историјата како изведувач со најмногу освоени Греми награди во историјата, додека Иви го украде вниманието со нејзината прва Греми, за улогата во видео спотот на мајка ѝ Brown Skin Girl.
Од деветте номинации, Бијонсе освои две награди и сега ги има вкупно 28, со што ја надмина досегашната рекордерка Алисон Краус.
Иви пак стана вториот најмлад изведувач кој освоил ваква награда. Споменатото видео за песната на Бијонсе, од албумот „Кралот лав“, содржи стих, кој таа го испеа со мајка ѝ.
Единствена помлада пејачка од неа која успеала да освои Греми награда, е Леа, една од членките на групата Peasall sisters, која го освои на осум години. Таа ја доби наградата за песната од саундракот за филмот O Brother, Where Art Thou?
Иви не ја прими лично наградата на церемонијата. Таа останала дома, а во нејзино име се појави Бијонсе. Таа останала дома поради мерките воведени за пандемијата со коронавирусот.