Ќерката на Карлеуша „нападната“ поради нејзината тежина

Ќерката на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Ника Тошиќ, е позната по тоа што е многу активна на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде што редовно објавува забавни видеа кои често стануваат вирални.

Ника Тошиќ реши да коментира за својот изглед, а посебно внимание им посвети на оние кои ја критикуваат за тоа.

„Кога ќе ослабам – готово е. Кога ме мразат, тоа е само поради мојата тежина. Лесно можам да ослабам пет килограми, бидејќи не е тешко, но дали ти можеш да ги промениш цртите на твоето лицето? Не можеш!“ – рече Ника Тошиќ, а потоа продолжи:

„Но, најсилни за мене се оние луѓе кои коментираат за нечиј изглед, но немаат право да го кажат тоа. Да не кажувам за кого, немаш право да коментираш за нечиј изглед, ако не си ништо подобар. Ќе ширам позитивност, во ред е да имам уште неколку килограми, дефинитивно ќе ослабам, лесно е, а ако имам волја ќе го направам тоа, не зависи од тебе, туку од мене“ – рече ќерката на Карлеуша, Ника Тошиќ.

 

 

Scroll to Top