Ќерката на Моника Белучи е заштитно лице на брендот „Долче и Габана“, чија муза со години е и мајка ѝ.
Убавата Дева Касел во септември ќе наполни 16 години, а нејзините родители, Моника Белучи и Венсан Касел, досега не дозволиле нејзино претерано експонирање во јавноста.
Меѓутоа, се зборува дека ѝ претстои голема кариера и дека ќе стане една од најбараните модели на денешницата.
Дева е фотографирана на езерото Комо, Италија, за време на снимањето на кампањата на „Долче и Габана“.