Систин и Софија Сталоне, ќерките на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, за време на гостувањето во подкастот „Giggly Squad“, откриле дека нивниот татко е главен советник за љубовен живот, а тој им пишува пораки и на нивните момчиња.
Сталоне беше опишан како експерт за љубовни совети.
„Повеќето од нашите пораки ги пишува кога раскинуваме со момчињата“, изјавила Систин, а Софија продолжила: „Топло препорачувам девојките да одат кај нивниот татко и тој да им пишува пораки за раскинување бидејќи мажите најдобро ги познаваат мажите“.
View this post on Instagram
Систин во подкастот признала дека нејзините поранешни момчиња никогаш не се налутиле поради пораките што им ги праќала за да раскинат.
„Кога ќе запознаам добро момче, решавам да го запознаам со татко ми. Тој никогаш не се меша во моите односи. Тој е секогаш резервиран. Стои во аголот и не кажува ништо“, раскажала Систин.
Нејзиниот татко и рекол дека во првите четири минути може да му суди на дечкото со кој се гледа и да погоди дали нивната врска ќе успее.
View this post on Instagram
„И секој пат е во право“,изјавила Систин.
Да потсетиме, американскиот актер сними свое реално ТВ шоу наречено „Семејството Сталоне“. Легендарниот актер пушти камери во неговиот дом и тие ги следеа сите случувања во семејството Сталоне. Неговото шоу е слично на она што го прослави семејството Кардашијан.