Церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс е прва по 70 години. Започнува во 11 часот и треба да трае околу еден час, а меѓу гостите имало и бројни познати личности.
Меѓу првите што пристигнаа беа музичарот Ник Кејв и британската актерка Ема Томпсон, а по нив беше Лајонел Ричи, музичар чиј настап се очекува на концертот за крунисување на Би-Би-Си.
Помеѓу гостите беше и пејачката Кети Пери која во Вестминстерската опатија дојде со уредникот на „Вог“ Едвард Енинфул.
Меѓу познатите кои дојдоа на крунисувањето беа композиторот Ендрју Лојд Вебер, актерките Џуди Денч и Меги Смит и комичарот Стивен Фрај, Дејвид и Викторија Бекам, Стела Макартни, Роуан Аткинсон и Бер Грилс.
Katy Perry looking for her seat at the #Coronation 😭 pic.twitter.com/XimkW5Nv7L
— Kandy 🖤🃏👑 (@zourkandy) May 6, 2023