Кети Пери прогласена за најлошо облечена жена

By

Пејачката Кети Пери се најде на врвот на листата на најлошо облечени жени во светот. Оваа нималку ласкава титула на Пери ѝ ја доделија читателите на интернет-страницата „Поп шугар“. Титулата за невскус Кети ја доби благодарение на изборот на облека за последниот настан „Мет гала“. На црвениот килим на добротворниот бал таа била облечена во необичен црвен костим, кој потсетува на облеката на старите гејши. Но, она што го прави фустанот почуден е превезот.

Кети никогаш не била икона на стилот. Изборот за најлошо облечена жена уште еднаш покажува дека пејачката треба да си го смени стилистот или да ангажира нов и да не се облекува сама, стои во еден од коментарите.

Ќе ви се допадне