Кетрин Хејгл доби главна улога во осмата сезона на серијата Suit откако Меган Маркл и нејзиниот пријател од екранот, Патрик Џеј Адамс, ја напуштија.
Снимките од осмата сезона на серијата ќе почнат во април во Торонто.
„Да се приклучам кон Suits, беше совршен и природен начин не само да работам со извршен продуцент, на кого му се восхитувам, но и да станам дел од шоу и актерски состав на кои сум голем фан“, рече актерката. Таа увери дека го гледала шоуто од самиот почеток и се чувствувала среќна да се снима во него.
Кетрин Хејгл учествуваше во пет сезони на серијата Grey’s Anatomy, како и во многу филмови, меѓу кои Knocked Up, 27 Dresses, The Ugly Truth итн.
Меган Маркл, која на почетокот ја играше Рејчел Зејн во Suits, мораше да замине поради љубовта со британскиот принц Хари.