Македонскиот дизајнер Тони Матичевски ја облече Кетрин Зета Џонс за премиерата на нејзината нова серија „Среда“, што се одржа пред два дена во Лос Анџелес. За холивудската глумица Матичевски креираше бел фустан во вид на сирена, со длабоко деколте и шпиц ракави.
Глумицата не криеше дека е воодушевена од креацијата, па на својот Инстаграм објави неколку слики и го пофали македонскиот дизајнер. Таа на премиерата дојде со нејзиниот сина Дилан, кој ретко се појавува во јавноста.
Инаку, серијата „Среда“ е инспирирана од филмот „Семејството Адамс“, а Зета-Џонс ја глуми мајката на Среда, Мортиша Адамс.