Спејси претходно беше обвинет од актерот Ентони Рап за силување, и тоа кога имал 14 години, а потоа Кевин јавно се декларира како геј. Но, тоа е само дел од приказната. Снимањето на серијата „Кула од карти“ е откажано, а „Нетфликс“ ја прекина соработката со Спејси.
Потоа, неколку члена од екипата на серијата „Кула од карти“ исто така го обвинија Кевин за сексуално вознемирување. Следуваше обвинување и од неименуван Британец, кој на полицијата ѝ пријави дека Спејси сексуално го малтретирал во 2008 година.
Славниот актер бил снимен во клиника во Аризона каде што месечното лекување чини 36.000 долари и вклучува секојдневни разговори со психијатри, јога-вежби, разни облици на експресивни уметности, групна терапија и јавање коњ.
Секој пациент на почетокот е обврзан да нема секс осум недели.