Кевин Спејси забележан на клиника каде што се лекува од зависност од секс

By
Популарниот холивудски актер Кевин Спејси бил забележан од американските папараци во клиника во Аризона каде што пациентите се лекуваат од зависност од секс.По низата скандали во Холивуд, во кои се споменуваше и неговото име, сега светските медиуми пренесуваат дека Кевин Спејси во саботата се пријавил на осумнеделно лекување во клиниката „Медоус“ во Аризона.

Спејси претходно беше обвинет од актерот Ентони Рап за силување, и тоа кога имал 14 години, а потоа Кевин јавно се декларира како геј. Но, тоа е само дел од приказната. Снимањето на серијата „Кула од карти“ е откажано, а „Нетфликс“ ја прекина соработката со Спејси.

Потоа, неколку члена од екипата на серијата „Кула од карти“ исто така го обвинија Кевин за сексуално вознемирување. Следуваше обвинување и од неименуван Британец, кој на полицијата ѝ пријави дека Спејси сексуално го малтретирал во 2008 година.

Славниот актер бил снимен во клиника во Аризона каде што месечното лекување чини 36.000 долари и вклучува секојдневни разговори со психијатри, јога-вежби, разни облици на експресивни уметности, групна терапија и јавање коњ.

Секој пациент на почетокот е обврзан да нема секс осум недели.

 

Ќе ви се допадне