Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) објави дека ќе добие улога во 12-тата сезона на „Американска хорор приказна“. Таа оваа вест ја објави на својот Инстаграм, и ја сподели најавата за серијата. Во најавата не се појавува Ким, но се појавва нејзиното име.
Кардашијан претходно се испроба и во манекенството, а познато е и дека студирала право за да стане адвокат. Актерката Ким ги изненадила своите обожаватели со нејзината нова професија.
„Навистина не го очекував ова„, „Ким, што е ова?“, „Објаснете се, ве молам “, се дел од коментарите.
Ким се уште нема објаснување каква улога ќе има во „Американска хорор приказна“.
View this post on Instagram