Ким Кардашијан планира да се разведе од Кание Вест, а целата постапка планира да ја прикаже на американската јавност во две реални шоуа, пишува „Мирор“.
Ким ја сними дваесеттата и последна сезона во реаното шоу „Во чекор со Кардашијани“, кое се снимаше во период кога се појавија гласови за разводот, а таа епизода ќе биде емитувана во март оваа година.
Во последната сезона ќе биде прикажан периодот од последните девет месеци од бракот на Кардашијан и Кание. Но, некои извори тврдат дека Ким нема често да се појавува во последната сезона во шоуто.
Бидејќи нејзиното семејство ја прекина соработката со телевизијата „E!“, новото реално шоу во кое ќе биде прикажан разводот на Ким и Кание ќе се емитува на „Дизни“, каналот на телевизиската мрежа „Хулу“.