Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на тинејџерката која беше погодена од куршум

Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на тинејџерката Шанин Шарајз, која беше погодена со куршум во лицето, за време на протестите во Кентаки, поради смртта на Џорџ Флојд. Лицето на Шанин отекло, а од очите и течеле крвави солзи. Кога била погодена, луѓето почнале да викаат и да бараат медицинска помош.

Кога слушнала за девојката, Ким се огласи на социјалните мрежи и ги замоли своите пријатели да и помогнат како може да стапи во контакт со повредената девојка.

„Ова ми го скрши срцето. Знае ли некој како да стигнам до неа? Би сакала да ѝ помогнам околу лечењето“, напишала Ким.

Ова не е првпат Кардашијан да помогне на обичните луѓе. Таа ангажираше и адвокати за да и помогнат околу случаите со десетина затвореници. Таа соработуваше и со американскиот претседател Доналд Трамп.

За потсетување, протестите во Америка траат веќе неколку дена, откако полицаецот од Минеаполис, Дерек Шовен, со колено го притискаше Џорџ Флојд, кој неможејќи да дише, подоцна го загуби животот.

Полицаецот е обвинет за убиство од трет степен и убиство без предумисла. За тоа во Минесота е предвидена казна затвор до 25 години. Тој го гушел осум минути и 46 секунди. По тој момент, Флојд престанал да реагира, а Дерек го држел уште две минути и 53 секунди. Овој злостор го осудија сите и повикаа да се престане со расистичките пораки.

 

Scroll to Top