Ким Кардашијан со Доналд Трамп во Белата куќа

Американската телевизиска ѕвезда Ким Кардашијан Вест ја посети Белата куќа поради разговор со Доналд Трамп во име на жените кои служат доживотна казна затвор поради трговија со дрога.

Кардашијан Вест побарала помилување за Алис Мери Џонсон (63), која е осудена по осум точки во обвинението кои се однесуваат на криумчарење кокаин и која минала повеќе од две децении во затвор.

Еден од нејзините адвокати изјавил дека некогашниот претседател на САД Барак Обама го одбил барањето да ја помилува Џонсон, но причините не биле образложени.

Трамп на социјалната мрежа „Твитер“ го потврдил состанокот и поставил фотографија од нив двајцата во Овалната канцеларија од Белата куќа.

„Прекрасен состанок со Ким Кардашијан денеска, разговаравме за реформите во затворот и отслужувањето казни“, наведе претседателот на САД.

Трамп претходно на 11 март побарал построга казна за трговците со дрога, вклучувајќи и можни смртни казни.

Американскиот претседател изјавил дека земји како што е Сингапур имаат помалку проблеми со зависниците од дрога затоа што поостро ги казнуваат дилерите.

 

 

Scroll to Top