Ким Кардашијан за дечкото Пит, со него го има најдобриот секс во животот

Американската ѕвезда Ким Кардашијан рече дека сексот што го има со дечко ѝ Пит Дејвидсон ѝ бил најдобриот во животот. Пит е 13 години помлад од неа и заедно се од неодамна, откако Ким се разведе од нејзиниот поранешен сопруг, американскиот рапер Канје Вест.

„Повеќе не трчам за ништо и никого. И тоа е добро чувство. На почетокот на кариерата луѓето трчаат по слава, пари, среќа или љубов. Јас сега го имам сето тоа“, рече Ким во последната епизода од серијата ‘The Kardashians’.

„Кога наполнив 40 години, сите ми зборуваа дека во тие години може човек да го има најдобриот секс во животот. Баба ми постојано ми зборуваше дека 40-тите се најдобри години за секс. А јас си реков дека сум подготвена и дека го имам Пит“, рече Ким и ја коментираше врската со комичарот.

За време на разговорот со своите сестри, таа раскажа дека дружбите со Пит ѝ помогнале да си го прифати својот природен изглед. Извор за магазинот People, тврди дека односот им станува сериозен и дека Ким сака да го има Пит во близина, затоа што е одличен со нејзините деца.

„Тој е сам и многу заигран со децата. Тој е како едно големо дете. Тие се посветени на врската и не се гледаат со други луѓе. Ким е многу среќна со него“, откри изворот.

 

Scroll to Top