Ким Катрал, најпозната по улогата на Саманта Џонс во легендарната серија „Сексот и градот“, одговори на гласините дека ќе се појави во новата сезона на спин-офот „Just Like That“.
Откако таа имаше мала улога во втората сезона од серијата, многу фанови се надеваа дека ќе видат повеќе од Саманта во третата. Магазинот „Life & Style“ на 10 јули објави дека Катрал се согласила да глуми во третата сезона. Но, таа сега јасно стави до знаење дека тоа не е вистина.
„Толку сте мили, но јас не се враќам“, рече таа.
Патем, извор изјави за „Life & Style“: „Бидејќи и го отворија патот на Саманта да се врати, се претпоставува дека склучиле договор со Ким и само го чекаат вистинското време да го објават тоа. Гласините велат дека ќе може да ги снима сите свои сцени во Лондон. Ќе се обидат да и платат многу, а се е по нејзини услови“.
Ким се појави во последната епизода од втората сезона, во која Саманта е на телефон со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер. Таа наводно имала два услови.
„Ким имаше два услова, да не делува со ниту еден од нејзините поранешни колеги и да не се гледа со Мајкл Патрик Кинг“, изјави извор за „Page Six“.
Пред две години, Сара Џесика Паркер зборуваше во подкастот на „The Hollywood Reporter“ за нејзината врска со актерката Ким Катрал.
„Многу е тешко да се зборува за ситуацијата со Ким бидејќи многу внимавам да не кажам нешто непријатно бидејќи така не сакам да зборувам за толку комплицирани теми. Снимањето на третиот филм пропадна поради нејзините договорни барања. Имено, не ни беше удобно да се сретнеме онаму каде што таа сакаше, па се откажавме од филмот бидејќи не сакавме да го снимаме без неа“, изјави Сара.