Ким сака развод од Канје, но се плаши да не остане самохрана мајка

Американската старлета Ким Кардашијан сака да се разведе од нејзиниот сопруг, популарниот американски рапер и кандидат за претседател на Америка, Канје Вест, но се плаши дека ќе остане самохрана мајка, пишуваат светските таблоиди.

Пред неколку дена таа со нејзиниот сопруг зборуваше отворено во јавноста за нивната криза која ја имаат во бракот. За време на разговорот таа заплака. Ким вели дека е растргната и дека не може да донесе одлука за развод.

Од друга страна британски „Мирор“ пишува дека кавгите меѓу нив двајца не стивнуваат. „Мирор“ пишува дека Ким заминала на ранчот на нејзиниот сопруг во Вајоминг, каде му кажала на Канје дека нивниот брак е готов.

Сепак, блиски извори откриваат дека Ким се плаши дека ќе остане самохрана мајка.

„Ким замина во Вајоминг да му каже на Канје дека е готово меѓу нив двајцата. Но, се чини дека тој не сваќа ништо што таа му зборува. Не се променил ништо кај себе, откако Ким го замолила“, вели извор близок до популарната американска двојка.

„Таа сега не знае што да прави. Знае дека ќе биде финансиски стабилна, но се додека има четири деца, разводот не ѝ паѓа на памет. Тие почнаа со разводот, но никој не знае дали ќе ги потпише документите“, открива изворот.

За потсетување, Канје за време на прес конференцијата каде требаше да објави дека ќе се кандидира за американски претседател, ја шокираше јавноста со неговите изјави за брачните проблеми кои ги имал со Ким.

Тој прозборе за тоа како малку фалело да ја убие сопствената ќерка Норт, затоа што Ким сакала да абортира. Потоа ја откри аферата која Ким ја имала со раперот Мик Милом, по која се наруши неговата психичка состојба.

Неговите пријатели го посоветувале да побара лекарска помош, додека Ким не му дозволи да се врати во Лос Анџелес додека не заздрави.

 

Scroll to Top