Кина го избриша Кијану Ривс од нивната интернет-мрежа

Кина целосно го избриша Кијану Ривс од нивната интернет мрежа. Ако се наоѓате во оваа земја и го напишете неговото име на некои од кинеските пребарувачи нема да добиете никакви резултати. Нема да ви излезат ниту неговите филмови.

Глумецот се најде на мета на регулаторното тело на Народна република Кина, која целосно го избриша од сите интернет пребарувачи. Кина е една од земјите која ги цензурира содржините на интернет и огрничувањето на некоја содржина не е ништо ново за оваа земја.

Како што пренесува „Ројтерс“ причината за бришењето на глумецот е неговото присуствуво на виртуелниот концерт кој се одржа на 3 март во организација на непрофитната организација Tibet House US, а на покана на Далај Лама.

Концертот бил со цел да ја зачува тибетската традиција на филозофија, науката, уметност и културата. Кина не гледа благонаклоно на оваа организација и на лицата кои присуствуваа на истата, па бил издаден налог до националното регулаторно тело целосно да го избрише популарниот глумец за сите жители на Кина.

Засега Tencent и iQiyi ги тргнаа поголемиот дел од неговите филмови од нивните платформи, а пребарувањето, без разлика дали е на англиски или кинески јазик со неговото име не дава никакви резултати. Единствено место на кое и понатаму може да се добие некаков резултат е WeChat.

За разлика од Ривс, филмските студија во Кина и тоа како ќе бидат оштетени затоа што голем дел од оние 1,4 милијарди луѓе колку што ги има, секој ден стримуваат филмови од поедини платформи, пренесуваат медиумите.

Дали филмските студија ќе реагираат и ќе го притиснат глумецот да се извини или да се оправда за неговото однесување е нешто што допрва треба да се види. Од друга страна, со овој потег Кина покажа дека е земја во која слободата на интернетот е крајно ограничена, со цел луѓето да не можат премногу да ја критикуваат владата или да зборуваат нешто што е во спротивност од националната идеологија.

 

 

Scroll to Top