Клои Кардашјан, додека снимала дома, дознала дека Тристан ја изневерил

Клои Кардашијан додека ја снимала своето шоу кај неа дома, дознала дека поранешниот дечко Тристан Томпсон ја изневерува. Ова го откри продуцентката Даниела Кинг за US Weekly

Таа објасни дека моментот кога Клои дознала за неверството, екипата сниматели веќе биле во кај неа и го снимале популарното шоу за сестрите „Кардашијан“.

„Баш во тие моменти нашата екипа се најде таму. Дојдоа да снимаат уште од рано утрото, а веста штотуку излезе. Го снимивме моментот кога Клои дозна за неверството“, рече Кинг и објасни дека иако нејзината екипа снимила детали од нејзиниот приватен живот, тие не се постојано таму.

„Луѓето мислат дека ние постојано се враќаме кај неа за да снимаме. Но, тоа не е така. Има многу моменти кои се снимени затоа што тимот се вратил на работа во вистинскиот момент.

За потсетување, Клои и Тристан беае во врска од 2016 година, а таа му раскина по двете негови неверства. Тристан направи и дете со неговиот личен тренер Марали Николс која го тужеше за да докаже дека детето е негово. Откако се утврди вистината, Тристан им се извини на сите.

„Денес ДНК тестот потврди дека имам дете со Марали Николс. Ја превземам целата одговорност за своите постапки. Се радувам што ќе имам можност заедно да го одгледаме нашиот син. Искрено им се извинувам на сите кои ги повредив и разочарав“, рече Тристан.

Николс пак често обајвува фотографии од синот и на пријателите им вели дека е среќна мајка.

„Детето ми е најголемиот благослов и најсреќна сум што сум му негова мајка“, рече таа на Денот на мајката.

Scroll to Top