Коби Брајант е номиниран за „Оскар“

НБА ѕвездата Коби Брајант е номиниран за „Оскар“. Тој би можел да го освои „Оскарот“ како коавтор на краткиот анимиран филм Dear Basketball, заедно со аниматорот Глен Кин. Ова е анимирана верзија на истоимената песна на Коби, со која тој се збогуваше од кошарката.

Во анимираниот филм се слуша гласот на Коби, музиката е на Џон Вилијамс, а анимацијата на Глен Кин, некогашната ѕвезда на студиото „Дизни“. Кин ги нацрта Покахонтас, Малата Сирена, Аладин и други.

Scroll to Top