67-годишната Ким Катрал која ја глумеше легендарната Саманта во серијата „Сексот и градот“, се мажеше три пати, а сега е во долгогодишна врска со нејзиниот партнер Расел Томас, кој е 16 години помлад од неа.
Двојката ретко се гледа заедно во јавноста, а актерката претходно изјави дека имаат убав живот.
Тие се запознале во 2016 година, кога Ким работела за Би-би-си, а пред него три пати завршила пред олтарот.
Прво беше во брак со Лери Дејвис, од кого се разведе во 1979 година, се разведе од вториот сопруг Андре Џеј Лајсон во 1989 година, а од третиот сопруг Марк Левинсон се разведе во 2004 година.