„Колдплеј“ заработи 532 милиони долари од турнејата

Британскиот бенд „Колдплеј“ ја заврши третата најдоходовна турнеја во историјата, со преку 500 милиони долари приход. Последниот, 114. концерт на турнејата „Глава полна соништа“ е одржан во средата вечер во Буенос Аирес. Со 523 милиони долари приход од билетите, групата е на третото место на најдоходовна турнеја, по групата „Ју-ту“, која на турнејата „360“ помеѓу 2009 и 2011 година заработила 784 милиони долари, а „Ролинг стоунс“ на турнејата „Поголемата експлозија“ пред една деценија продадоа билети во вредност од 558 милиони долари.

Турнејата на „Колдплеј“ почна во март 2016 година и привлече речиси 5,4 милиони посетители. Најпосетен бил концертот во Мексико сити, каде што ги гледале 67,5 илјади луѓе.

Scroll to Top