Колин Фарел за најлошиот ден на сет: Том Круз беше лут, а јас мамурен

Колин Фарел откри дека еден од најнепријатните моменти во неговата кариера му се случил токму на снимањето на научнофантастичниот хит Minority Report во 2002 година — и тоа на неговиот роденден.

„Замолив да не снимаме тој ден, но кој сум јас да одбивам сет од 120 милиони долари?“, се пошегува Фарел во гостување кај Стивен Колбер.

По цела ноќ славење, наутро во шест го чекал возачот.

„Бев катастрофа. Помошникот режисер рече дека не можам таков на сет, а јас побарав шест пива и пакла цигари — мислев дека тоа ќе помогне.“

Наместо тоа, следеле 46 неуспешни обиди да ја изговори репликата пред Том Круз, кој, како што призна, „не бил баш воодушевен“.

„Том не беше среќен. Но го разбирам — снимањето се влечеше, а јас бев сосема нефокусиран“, раскажа актерот.

Неколку години подоцна Фарел отишол на одвикнување и од тогаш е трезен.

Scroll to Top