Легендарниот холивудски акционен глумец Долф Лундгрен зборуваше за тешкиот период од животот, кога бил во лоша финансиска ситуација и прифаќал секакви улоги. Неодамна откри дека осум години се бори со ракот, а во подкастот зборуваше за подемите и падовите во кариерата,
Откри и како Силвестер Сталоне го спасил кога му ја дал улогата во „Платеници“.
„Се преселив во Шпанија во 1997 година и се соочив со не толку голем интерес за моите актерски услуги. Приходите ми паднаа за 90%, но моите трошоци останаа исти. Колку повеќе ја изневерував сопругата, толку повеќе таа ги трошеше моите пари. Месечни сметки на картичката беа околу 60.000 долари. А тоа беше само на нејзината картичка. А јас прифаќав секакви улоги за да заработам нешто“, рече актерот.
Призна дека во тоа време бил отуѓен од сопругата и децата. Најлошо му било во 2008 година, кога имало финансиска криза.
„Потоа се разделивме, а јас се вратив во Лос Анџелес. Тогаш Сталоне ми понуди улога во „Платеници“ и по тој филм работите повторно почнаа да се развиваат“, рече Лундгрен, кој глумеше во три продолженија на филмот заедно со најголемите ѕвезди: Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Џејсон Статам, Мел Гибсон, Антонио Бандерас, Чак Норисон, Харисон Форд и други.