Компанија го искористи Ентони Бордејн за да го рекламира своето виски

Рекламата за виски во која се појавува починатиот Ентони Бордејн крена голем прав на социјалните мрежи. Кај некои ваквата реклама предизвика тага, додека голем број од оние кои не се согласуваат со истата коментираа дека е невкусно да се објави ваква реклама по неговата смрт.

„Ако во своето срце чувствуваш, ако знаеш, ако имаш причина да веруваш дека би можел да бидеш врвен во нешто, да можеш да направиш нешто единствено со кое ќе ги шокираш, вџашиш и воодушевиш луѓето, тогаш направи го“, вели Бордејн во рекламата.

„Ти успеа во тоа. Горди сме што ги делевме патувањата со тебе“, е пораката што стои на крајот од рекламата.

Оние кои се згрозени од рекламата во коментарите објавиле дека е крајно неодговорно да се објави оваа реклама, ако се земе предвид неговата борба со зависноста.

„Кој заклучил дека е добра работа да се создаде профит од смртта на Бордејн? Ова е невкусно. Уште една реклама без почит кон мртвите. Компанијата што го продава производот што предизвикува зависност штотуку имаше трибјут реклама за Бордејн. Понекогаш се чувствувам депресивно. Можеби треба да пробам од вискито што ми го продава духот на Ентони Бордејн. Ова речиси не е етично“, напишаа некои од згрозените коментатори на социјалните мрежи.

„Исусе, плачев како дожд на годинашните награди ‘Еми’. Можеби е лош тајминг, но ме потсети на неговата емисија. Дај малку смирете се“, биле оние кои оваа реклама ги натажила.

 

Scroll to Top