Конзерва со лосос за батлер на кралското семејство, подарок од Чарлс за Божиќ

Грант Харолд, поранешен батлер на кралското семејство, откри какви подароци добил додека работел за нив.

Работел за Чарлс и Камила седум години и вели дека добивал честитка секој Божиќ.

„На Божиќ секогаш добивавме честитки од него. Пред да се ожени со Камила, се сеќавам дека добивме божиќни честитки од него, Хари и Вилијам. Тие секогаш беа посебни”, изјавил тој за британски Мирор.

Покрај честитките, често добивал и смешни подароци од Чарлс.

„Исто така, тој ни испраќаше мали забавни работи по пошта. Една година ми остави лименка лосос, а друга година ми остави сет за сол и бибер завиткан со лента. Веројатно добива многу подароци и понекогаш ни дава некои од нив“, рекол тој.

„Отсекогаш тоа го сметав за бизарно затоа што не очекув такви ситници. Тоа ја покажува неговата забавна и практична страна. Што се однесува до вистинските подароци, тоа секогаш би биле шолји или чаши за виски. Една година добив прекрасен бокал за вода“ додал тој.

И Гранд Харолд му оставал подароци и честитки на шефот.

„Секогаш му пишував картичка и му несов подарок. Се сеќавам дека немаше смисла да му дадам нешто скапо. Тешко е да се избере кога мажот има сè. Но знаев дека му се допаѓа медот, па му подарував тегла мед или бонбони од мед, нешто во кое знаев дека ќе ужива“, рекол тој.

Scroll to Top