Коосновачот на „Гугл“ се разведува затоа што жена му имала афера со Илон Маск

Коосновачот на Гугл, Сергеј Брин, се развел од сопругата Никол Шанахан поради аферата која ја имала со милијардерот Илон Маск. Тој поднел барање за развод уште во јануари, открил близок извод за Wall Street Journal.

Според пишувањата на светските медиуми, не е познато колку време траела романсата меѓу Маск и Шанахан, но некои од нивните пријатели рекоа дека тоа било причината за разводот.

Наводно до неверството дошло истиот месец кога Маск доби ќерка со неговата поранешна девојка Гримес, а месец дена откако во тајност ги доби и близнаците со поранешната директорка за вештачка интелегенција на Neuralink.

Маск пак негира дека имал било каква афера со сопругата на неговиот доскорешен пријател и рече дека објавениот текст во Wall Street Journal не само што го уништил нивниот брак, туку и неговото пријателство со Брин.

„Сергеј и јас сме пријатели и синоќа бевме на забава заедно. За три години ја видов Никол само двапати и тоа со многу други луѓе околу нас. Ништо романтично”, објави Маск вчера на Твитер.

За потсетување, Маск во февруари почна да излегува со австралиската глумица Наташа Басет. Изворли блиски до нив рекоа дека двајцата веќе со години се заедно и дека често ја прекинувале врската.

Сергеј Брин е седмиот најбогат човек на светот и вреди 93 милијарди долари, па многумина тврдат дека ова може да биде еден од најскапите разводи во историјата.

Покрај разводот, Брин ќе бара и заедничко старателство над нивната двегодишна ќерка, но не сака да плаќа финансиска поддршка за Шанахан. За потсетување, пред Никол Шанахан, Брин беше во брак со Ен Војчицки (48), а од тој брак има две деца.

Scroll to Top