Кортни Лав не го поднесува Бред Пит, не може да му прости затоа што останала без главната улога во „Боречки клуб“

Амриканската глумица и музичкара Кортни Лав го обвини Бред Пит затоа што не ја добила главната женска улога во култниот филм „Боречки клуб“, Fight Club, само затоа што го одбила да го игра нејзиниот покоен сопруг Курт Кобејн во биографски филм.

Кортни неодамна во подкастот кај популарниот водител и комичар Марк Марон, објасни зошто нема симпатии кон холивудскиот глумец. Кога ја прашал зошто не може да го поднесе, таа го обвини за нејзиниот неуспех во 1999 година, нешто за што вели дека уште ја боли.

Кортни требало да ја добие улогата на Марла во култниот филм „Боречки клуб“, но, главната женска улога ја доби британската глумица Хелена Бонхем Картер. Кортни се потсети на деталите од нивната расправа.

„Не знам дали да ти верувам и дали филмовите ги снимаш само за профит. Тоа се добри филмови за социјална правда, но ако не ме разбираш мене, на некој начин не го разбираш ни Курт, а ми се чини дека не ме разбираш Бред“, наводно му рекла Кортни на Бред Пит пред повеќе од дваесетина години.

Сподели дека директорот на филмот Гас Ван Сант ѝ побарал услуга во замена за улогата на Марла. Побарал нејзината согласност Бред Пит да ја глуми главната улога во биографска драма за Курт Кобејн, но Котни не се согласила.

„Нема да му дозволам на Бред да го глуми Курт“, рече Кортни во подкастот кај Марон, но не објасни зошто го направила тоа.

За потсетување, Кортни се омажи за фронтменот на групата „Нирвана“ во 1992 година. Кобејн почина две години подоцна, на 27-години. Двајцата го добија синот Френсис Бин Кобејн (30).

 

Scroll to Top