Актерите Шаја Лебуф и Миа Гот официјално ја раскинаа својата долгогодишна врска. Информацијата ја потврди извор близок до парот за списанието „People“.
Шаја Лебуф и Мија Гот официјално ја раскинаа својата турбулентна љубовна врска, а извор близок до парот ја потврди информацијата за гореспоменатото списание.
„Нивната врска отсекогаш била комплицирана. Не се сложуваа и се соочуваа со сериозни проблеми во врската минатата година“, рекол изворот, додавајќи дека 39-годишниот Лебуф се иселил од нивниот заеднички дом во Лос Анџелес и се преселил во Њу Орлеанс.

Според изворот, Гот му предложил на Лебуф да се исели. „Таа го сака, но не ѝ е потребен. Таа е независна. Има свој живот, своја кариера, а нејзината ќерка е нејзин приоритет“, вели изворот. „Шаја ја сака нивната ќерка и ќе остане во контакт со неа“.
Врската на овој, сега поранешен, актерски пар е исполнета со бројни подеми и падови. Тие се запознаа на снимањето на филм во 2012 година. Се венчаа во Лас Вегас во 2016 година, но бракот не беше официјално признат.
Во 2018 година објавија дека се разведуваат, но се чини дека ја поправија својата врска во 2020 година. Само две години подоцна, во 2022 година, ја добија ќерката Изабела.





