Кралицата Елизабета и официјално му даде дозвола на својот внук, принцот Хари, да се ожени со Меган Маркл.
Во писмото кое кралицата го испрати до Државниот совет на Велика Британија се потврдува одобрението за брак меѓу Хари и Маркл.
Оваа постапка на кралицата е формалност, бидејќи таа претходно даде согласност.
Свадбата е закажана за 19 мај и ќе се одржи во замокот Виндзор.