Кралицата Елизабета Втора денеска го слави својот 93 роденден. Таа е најстариот британски монарх со најдолг стаж, а прославувањето почнало на велигеднската миса каде се појавила со своите најблиски.
Сепак некои од нив, меѓу кои беше и Меган Маркл изостануваа од прославата. Британските медиуми поради отсуството на сопругата на принцот Хари, уште повеќе се убедени и пишуваат дека војвотката веќе се породила.
Елизабета седнала на кралскиот престол на 6 февруари 1952 година, а повеќе од 80% од Британците не знаат за друг монарх освен неа. Таа е 11 години и четири месеци постара од било кој друг британски монарх во историјата.
Откако во 1952 година татко и изненадувачки починал, тогаш принцезата Елизабета, која веќе го родила принцот Чарлс и принцезата Ана, на само 25 години станала кралица, а потоа родила уште две деца, принцовите Ендрју и Едвард.