Кралицата ќе му ја одземе на Хари титулата принц

By

Британската кралица Елизабета II ќе му ја одземе на нејзиниот внук Хари, титулата принц, пренесуваат британските медиуми. Како што пишуваат тие, на британската кралица трпението ѝ е при крај со својот непослушен внук и неговата сопруга Меган Маркл.

Според извори од кралската палата, кралицата повеќе не може да ги толерира двајцата затоа што често ги кршат кралските правила. Кралицата на почетокот откако тие се преселија во САД, ги ослободи од кралските должност на пробен период од година дена.

За тоа време, Хари и Меган имале за задача да се придржуваат на неколку правила, меѓу кои и немешањето во внатрешните работи на други држави. Но, со јавните повици до жителите на САД, да излезат на гласање, како и гласањето на Меган на изборите, тие го прекршиле ова правило.

„Тоа е нешто кое кралицата нема да им го прости и затоа размислува да му ја одземе на Хари титулата принц“, открива изворот.

Кралицата е бесна што непослушниот Хари во исто време ја користи својата кралска титула за да заработи милиони, како што е примерот со договорот со „Нетфликс“. Хари ја претворил монархијата како евтина кокошка која носи златни јајца, се жалат од палатата.

Од таму велат дека Хари и Меган сигурно немале да добијат 200 милиони долари од „Нетфликс“, ако не биле познати како кралска двојка. Немале да добијат пари, ниту од агенцијата Harry Walker со која потпишале договор да заработуваат по милион долари за еден јавен говор.

Кралицата особено е загрижена поради шпекулациите кои се шират во јавноста за документарецот на „Нетфликс“, во кој ќе се раскажува за принцезата Дајана. Таа се плаши дека во истиот ќе се откријат бројни непознати детали и снимки од кралското семејство.

 

 

 

Ќе ви се допадне