Кралицата Летиција во фустан стар 15 години: Некогаш и сега

Шпанската кралица Летиција присуствуваше на воена церемонија, а за оваа пригода одлучи да понесе креација стара дури 15 години.

Позната по тоа што не се одрекува од гардеробата после едно носење, модната икона извлече од својот орман капут-фустан кој го носеше на крштевката на својата постара ќерка Леонор во дамнешната 2006 година.

Фустанот во стил на блејзер од шпанскиот дизајнер Фелипе Варела, овој пат таа го украси со брош во облик на сина панделка и го спои со светлокафени штикли со две тенки каивчиња на глуждот.

Ова дамнешно модно парче ѝ стои совршено, баш како и пред 15 години кога за првпат го носеше.

 

Scroll to Top