Кралицата првпат по 59 години не беше на отворањето на Парламентот, место неа дојде принцот Чарлс

By

Кралицата Елизабета Втора за првпат по 59 години не присуствуваше на отворањето на британскиот парламент. На нејзино место беше син ѝ, принцот Чарлс. Тој на службеното отворање на едногодишното заседание на парламентот го прочита традиционалниот говор на кралциата.

dobivaj vesti na viber

Таа ја пропушти церемонијата откако лекарите ја советуваа да мирува. Принцот Чарлс пристигна во Вестминстер во моментот кога се интонираше химната со „Господе спаси ја кралицата“.

73 годишниот Чарс, дојде во униформа со ордени и на отворањето на седницата во парламентот, прво го прочита говорот, најавувајќи ја програмата и насоките на политиките на владата.

Државното отворање на парламентот е традиционален настан. Традиционално, монархот пристигнува во парламентот во државна кочија, придружуван од коњаници во свечени униформи.

Царската државна круна и другите кралски амблеми се транспортираат во посебна кочија пред државната кола.

Чарлс седна на престолот одреден за брачен другар или придружба и кој е симболично помал од престолот за монарх. Со него беше и неговата сопруга, 74-годишната Камила и постариот син принцот, 39-годишниот Вилијам, кои првпат присуствуваа на церемонијата.

Круната беше поставена на посебен јастук. Кралицата досега двапати во 70 години го пропушти државното отворање на парламентот. Кога беше бремена со принцот Ендру во 1959 година и принцот Едвард во 1963 година.

Ова е првпат принцот од Велс, кој ја претставуваше кралицата низ годините и преземаше се поважна улога, да ја замени кралицата. „Дејли Мејл“ пренесе дека кралицата и понатаму ги држи уздите, но истакна и дека ова е историски момент за круната.

Во традиционалниот кралски говор, кој го пишува владата, премиерот Борис Џонсон порача дека неговата конзервативна влада ќе ги исполни ветувањата кои ги дале пред изборите во 2019 година.

„Владата на Нејзиното височество ќе поттикне економски раст за да го подобри животниот стандард и ќе фнансира одржливи инвестиции во јавните услуги. Тоа ќе биде проследено со одговорен пристап на јавните финансии и ќе се намалат даноците, додека истовремено ќе се реформираат и намалат јавните даноци“, рече Чарлс.

Во кралскиот говор се наведени 38 предлози на закони, кои меѓу останатото се и познати како лондонски финансиски дистрикт, кои ќе ја направат познатата лондонска финансиска област попожелна за светските инвеститори откако земјата ја напушти ЕУ.

 

Ќе ви се допадне