Гитаристот на групата „Квин“, Брајан Меј е прогласен за витез на доделувањата на традиционалните новогодишни кралски почести и одликувањаод кралот Чарлс.
Брајан беше прогласен за витез на церемонијата и отсега ќе биде познат како Сер Брајан Меј. Тој беше одговорен за основањето на „Квин“, а наградата ја доби за придонес во музиката и хуманитарната работа.
Меј рече дека се надева дека оваа титула ќе му помогне во борбата за правда и за луѓето кои немаат глас и додаде: „Можеби сега повеќе луѓе ќе слушаат што имам да кажам отколку порано, кога ќе кажам сер Брајан Меј на телефон. Во 2002 година, по повод 50-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета, Брајан ја отсвири химната „Господе спаси ја кралицата“ на покривот на Бакингемската палата, а настапи во 2022 година по повод 70-годишнината од владеењето на кралица.