Кралот Чарлс вработи музичар кој секое утро со свирење на гајда под прозорец треба да го буди кралот.
Станува збор за полковникот Пол Барнс, кој е професионален музичар кој исто така свирел на погребот на кралицата Елизабета Втора, а претходно на погребот на принцот Филип.
Ангажирањето личен музичар е нешто како традиција меѓу монарсите, а во тоа уживала и кралицата Елизабета Втора.