Крис Нот нема да глуми во новото продолжение на „Сексот и градот“

Глумецот Крис Нот нема да глуми во новото продолжение на култната серија „Сексот и градот“. Ова е веќе второ големо име кое се повлекува од проектот, откако претходно беше најавено дека ниту Ким Катрал нема да глуми .

Како што пренесува Page Six, во продолжението нема да се појави ниту Дејвид Ајгенберг, кој го глумеше сопругот на Миранда, Стив Брејди.

За потсетување, Ким Катрал веќе од поодамна е познато дека нема да биде дел од продолжението, поради лошите односи со главниот лик Сара Џесика Паркер.

Scroll to Top