Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја побарал својата девојка Георгина Родригез за сопруга. Таа на социјалните мрежи се пофали со свршенички прстен од 700 илјади евра, а кој, според португалските медиуми, е од „Картие“.
Венчавката на Роналдо и Георгина се очекуваше откако лани таа ја роди ќерката Алана Мартина.
Роналдо има уште три деца, сите од сурогат мајка. Најстар е синот Кристијано Јуниор, а ги има и близнаците Матеа и Ева, кои ги доби шест месеци пред неговата свршеничка да се породи.