Мет Ривс, режисерот на најновиот филм за Бетмен, вели дека легендарниот пејач на „Нирвана“, Курт Кобејн, му бил инспирација за познатиот суперхерој. Во интервју за „Емпајер“, Ривс раскажал детали за снимањето на филмот, во кој главната улога ја има Роберт Патринсон.
„Кога пишувам, често слушам музика и додека го пишував првиот чин ја слушав Something in the Way на Нирвана. Тоа е лик кој поминал низ голема трагедија и станал осаменик. Почнав да се поврзувам со филмот ‘Последните денови’ на Гас Ван Сант и си играв со идејата за измислени верзии на Курт Кобејн, кој живее во вила која полека се распаѓа“, вели Ривс.
Откако Кобејн му станал инспирација за сценариото, тоа ја зацврстило неговата одлука да го ангажира Роберт Патинсон.
„Тој го има она нешто што ме потсетува на Курт затоа што изгледа како рок-ѕвезда, но имаш и чувство дека може да биде осаменик“.
Ривс додава дека новиот Брус Вејн нема да биде некој што се движи во кругот на познатите и користи скапи играчки, туку лик кој ги прави сите свои уреди со Алфред. Иако Бетмен е млад во филмот, Ривс тврди дека ова нема да биде филм за суперхерои.
„Она со што бев поврзан е дека Бетмен не е класичен суперхерој. Ако има супермоќ, тоа е неговата способност да издржи. Тој е многу жив лик и идејата не беше да се направи филм за тоа како станал Бетмен, туку за неговите помлади денови. Да се види сето тоа на нов начин, што не сме го виделе досега.“
Промоцијата на филмот е закажана за 4 март 2022 година.