Квентин Тарантино стана писател, познатиот режисер пишува две книги

Познатиот режисер Квентин Тарантино потпишал договор со издавачката куќа HarperCollins за да издаде две книги. Првата ќе биде со наслов Once Upon a Time in Hollywood, базирана на неговиот популарен филм, а втората Cinema Speculation.

Once Upon a Time in Hollywood ќе биде објавена во летото 2021 година, прво со мек повез и дигитална верзија, а наесен ќе се појави и верзија со тврд повез.

„Со гордост ја објавувам Once Upon a Time in Hollywood, мој придонес за овој често маргинализиран, но сакан книжевен поджанр“, рекол Тарантино и за „Дедлајн“ додал дека на тој начин дополнително ќе ги истражи ликовите што ги создал во филмот.

Втората книгата, Сinema Speculation, ќе се фокусира на филмовите од седумдесеттите години, а ќе се состои од есеи, рецензии и „што ако“ текстови.

Scroll to Top