Лајонел Ричи ќе пее на церемонијата на крунисувањето на принцот Чарлс

Светската музичка ѕвезда Лајонел Ричи ќе настапи на концерт по повод дводневната церемонија на крунисување на новиот британски крал Чарлс Трети, на 7 мај во замокот Виндзор, пишува весникот „Сан“.

Американскиот пејач е долгогодишен пријател и обожавател на британскиот крал и е еден од амбасадорите на The Prince’s Trust, добротворна организација основана во 1976 година.

Влезниците за концертот ќе се делат по пат на лотарија, а 5.000 билети се наменети за граѓаните низ Велика Британија, а останатите 5.000 ќе бидат поделени на добротворни организации блиски до кралското семејство, како и на припадниците на војската.

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан во сабота на 6 мај во Вестминстерската палата, а службата ќе ја изведе надбискупот од Кентербери Џастин Велби. На истиот ден ќе биде крунисана и сопругата на кралот, Камила.

Новокрунисаниот монарх потоа ќе се појави на балконот на Бакингемската палата, а следниот ден ќе се одржи „Концертот за крунисување“ на кој ќе настапат светски музички ѕвезди, соопшти Бакингемската палата.

Scroll to Top