Познатиот американски водител Лари Кинг (86) ги загуби ќерката и синот во период од само три недели. Тој ѝ се обрати на јавноста објаснувајќи дека ниту еден родител не треба да ги надживее своите деца. Кинг преку „Фесјбук“ им се заблагодари на сите што му дадоа поддршка.
Тој преку „Фејсбук“ побара од фановите малку приватност и разбирање за семејната трагедија што ја доживеа.
„Со тага и скршено срце на татко ја потврдувам неодамнешната загуба на моите деца Енди Кинг и Чаја Кинг. Двајцата беа добри и љубезни души и ќе ми недостигаат бескрајно“, напиша Кинг.
Енди почина ненадејно од срцев удар на 28 јули, а Чаја почина на 20 август набргу по дијагностицирањето карцином на белите дробови.
„Да ги загубиш децата е толку многу погрешно. Ниту еден родител не би требало да го погреба своето дете“, изјави Кинг и дополни:
„Јас и моето семејство сме благодарни за вашите добри желби и зборови на утеха и поддршка. Во овој момент ни треба малку време и приватност за да закрепнеме. Ви благодарам што го почитувате тоа“, напиша еден од најпознатите американски презентери на „Фејсбук“.
Чаја имала 52 години кога починала, а Енди 64. Лери го посвоил Енди во 1962 година по венчавката со мајка му Алин Акинс со која ја добил Чаја. Покрај Енди и Чаја, Кинг ги има и синовите Лери Јуниор (58), Ченс (21) и Канон (20).